Осумстотини ученици учествуваа на „Ролер трката 2017"

„Ролер трка 2017"

Под мотото „Возиме кон иднината“ денеска се одржа „Ролер трката 2017“, во организација на Град Скопје и ЈУ „Детскиот културен центар-Карпош“.

 

На ролеријадата, како што информира Град Скопје, учествуваа околу 800 ученици од 28 основни училишта од Скопје и од околината.

 

Учесниците во ролер трката возеа од пред фонтаната Лотос цвет, по булеварот „Илинден“ до клучката на булевар „Илинден“ со улицата „Никола Тесла“ и назад до стартот.

 

„Ролер трката 2017“ почна со женската трка на која првото место го освои Наталија Миновска од ОУ „Ј.Х.Песталоци“, втора беше Ивана Танчин од ОУ „Гоце Делчев“, а трето место го освои Анџелика Јаневска од ОУ „Димитар Беровски“.

 

На машката трка победи Никола Новаковиќ од ОУ „Блаже Коневски“, второто место го освои Никола Митровиќ од ОУ „Ј.Х.Песталоци“, а трет беше Никола  Баџаков од ОУ „Ј.Х.Песталоци“.

 

Учениците коишто го освоија првото место за награда добија ролерки со заштитна опрема, пласираните на второто место добија ролерки, а пласираните на третото место заштитна опрема.

 

Целта на оваа рекреативна масовна акција е развивање на спортскиот дух и желбата за спортување на нашите најмлади.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.