Од денеска може да се изнајми велосипед од СЦ Борис Трајковски

Изнајми велосипед

СЦ Борис Трајковски од денеска ја отвора сезоната за изнајмување велосипеди. Цената е 50 денари за секој започнат час започнувајќи од моментот на изнајмувањето на велосипедот.

 

Од денеска до 15 октомври годинава граѓаните во Скопје ќе можат да изнајмат велосипед од Спортскиот центар Борис Трајковски - ВИП Арена за 50 денари за секој започнат час, започнувајќи од моментот на изнајмувањето на велосипедот. Велосипедите ќе можат да се изнајмат веднаш до службениот влез на Центарот секој работен ден од понеделник до сабота од 7 до 22 часот и во недела од 17 до 21 часот. 

 

Директорот на СЦ Борис Трајковски, Златко Перински истакна дека акцијата “Изнајми велосипед-Ајде да возиме заедно“ одлично се вклопи во широката лепеза на содржини што ги нуди Спортскиот центар Борис Трајковски. Интересот на граѓаните за изнајмување на велосипед е огромен со оглед на местоположбата на која се наоѓа спортскиот центар односно близината на кејот на реката Вардар каде што започнува рекреативната патека. 

 

Во Спортскиот Центар на граѓаните ќе им бидат понудени 20 велосипеди од различни видови.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.