Децата од градинките цртаа на асфалт по повод Св. Кирил и Методиј

"Цртање на асфалт"

По повод денот на македонските просветители Св. Кирил и Методиј, Детскиот културен центар Карпош и оваа година заедно со град Скопје традиционално ја организираше манифестацијата "Цртање на асфалт".

 

Во пресрет на утрешниот празник Денот на Mакедонските просветители Св.Кирил и Методиј традиционално како и секоја година така и оваа се одржа манифестацијата „Цртање на асфалт“ во организација на Детскиот културен центар „Карпош“ во Градски парк.

 

На манифестацијата учествуваа децата од градинките во Скопје, кои преку покажување на своите ликовни вештини учеа за важноста да се одбележуваат значајните датуми во македонската историја.



Како што истакна директорката на Детскиот културен центар Карпош, Ружа Ѓорѓеска, на детски јазик, соодветен за возраста, децата добија информации кои биле сцетите браќа Кирил и Методиј и зошто ги празнуваме.

 

Манифестацијата се одржа во Градскиот парк кај споменикот на Гоце Делчев каде што децата ја нацртаа својата фантазија на асфалтот. Од ДКЦ Карпош беа обезбедени материјали за цртање, пригодна програма и симболични награди за учесниците.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.