Од поеделник започнува проектот туристичка стража

Проект Туристичка стража

Проектот Туристичка стража кој седум години по ред има за цел да ги информира туристите за значајните историски епохи во македонската историја, повторно стартува од понеделник.стражарите ќе бидат лоцирани на неколку локации во периодот од 10 до 14 часот, и од 18 до 20 часот.

 

Од понеделник повторно стартува проектот Туристичка стража, во кој млади луѓе облечени во облека која симболизира различен период од македонската историја, ги претставуваат туристичките споменици во Скопје. Дванаесет туристичките стражари седма година по ред ги заживуваат спомениците, давајќи значење на историските епохи.Дел од учесниците во проектот се веќе искусни, а за останатите предвидена е и обука, информира директорката на ДКЦ Карпош и организатор на туристичката стража.

 

Од досегашното искуство туристичката стража побудува голем интерес како кај домашните, така и кај странските туристи, вели Ѓорѓеска. Со цел достојно претставување на македонската историја учесниците во проектот треба да ги знаат сите периоди од македонската историја претставени низ спомениците. Стражата ќе биде лоцирана на неколку локации, на плоштадот Пела, на плоштадот Македонија, кај споменикот на свети Кирил и Методиј, кај споменикот на Методија Андонов Ченто.

 

Работното време на туристичката стража е секој ден од 10 до 14 часот, и од 18 до 20 часот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.