Повеќе делови од Скопје утре без струја

Без струја делови од Скопје

Поради закажани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре од 9 до 10 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата Извор како и дел од улицата Владимир Каваев. 

 

Истиот ден до 10.30 часот, ќе нема струја на улицата Алберт Анштајн и Славка Недиќ, од 9 до 12 часот на улицата Фрањо Клуз, Пандил Шишков како и за детската градинка „Срничка“ - клон „Црвенкапа“. 

 

Од 7 до 8.30 часот без струја ќе се жителите на улицата Васил Ѓоргов, дел од корисниците на улицата Козара и Бел Камен, од 10.30 до 12.30 часот жителите на Горни Жданец, од 12 до 14 часот, корисниците од дел од улицата Иван Тургењев, од 9 до 11 часот, корисниците од селата Средно Коњари, Долно Коњари, Дивље, Горно Коњари и Чифлик.

 

Во периодот од 10 до 11.30 часот ќе нема струја на Никола Русински, од 8.30 до 11.30 часот на улицата Гаврил Радомир, Ловчанска Корија, додека од 8.30 до 15 часот во селата Добрино, Дејковец, Тисовица, Гумалево и Градовци. 

 

Од 9 до 15 часот без струја ќе се корисниците од дел од улицата Франклин Рузвелт, Благој Давков, дел од Дане Крапчев, дел од Мајаковски и Црвена Вода, а до 14.45 часот ќе нема струја и на улицата Методија Митевски и Македонско Косовска Бригада.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.