Трет фестивал за музички документарци ,,Скопје Синема Сити,, од 15-ти до 19 јуни

,,Скопје Синема Сити,,

Музички филмови од светот на џез, поп, рок, електронската и класичната музика ќе понуди Филмскиот фестивал за музички документарни филмови ,,Скопје Синема Сити,, кој ќе се одржува од 15-ти до 19 јуни во Кинотеката на Македонија.

 

Од 15-ти до 19 јуни во Кинотеката на Македонија ќе се одржува третиот Филмски фестивал за музички документарни филмови ,,Скопје Синема Сити,, кој го организира граѓанското здружение Номад-Арт во соработка со Кинотеката.


Фестивалот прикажува документарни филмови чијашто главна тема е музиката, без оглед на жанрот или годината на продукција. Изминатите две изданија Фестивалот ги почнуваше со посвета на големи музички имиња како Дејвид Боуви и Леонард Коен, а на програмата беа филмови за најразлични уметници или жанрови, како Ник Кејв, Лед Цепелин, Пинк Флојд, Џој Дивижн, како и филмови од домашната продукција - за Влатко Стефановски, Културно-уметнички работници, Сеад Хаџиќ Сецко.


Оваа година Фестивалот ќе му оддаде почит на германскиот бенд Крафтверк, пионерите на електронската музика, со чиј документарен филм ,,Поп Арт,, на режисерите Ханс Росашер и Симон Витер ќе биде отворен ,,Скопје Синема Сити,,.


Тоа што ќе следува во петте дена на фестивалот се музички филмови од светот на џез, поп, рок, електронската и класичната музика.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.