Викендов четврти Скопски цветен фестивал

Скопски цветен фестивал

Совети, консултации и идеи поврзани со уредувањето и одржувањето на цвеќето и зеленилото и можнот да купат цвеќиња ќе имаат граѓаните претстојниот викенд на четвртиот скопски цветен фстивал во кој ќе се одржи во Паркот Македонија во Тафталиџе.

 

Градот Скопје и ЈП ,,Паркови и зеленило,, претстојниот викенд на 27 и на 28 мај во Паркот Македонија, спроти ,,Веро 2,, во Тафталиџе, ќе го организираат четвртиот по ред Скопски цветен фестивал 2017.


Скопскиот цветен фестивал е мултимедијална манифестација која по четврти пат на едно место ќе ги собере љубителите на цвеќето, природата, уредувањето на просторот, креативците и професионалците.


Во текот на два фестивалски дена граѓаните ќе имаат можност да ја изразат својата умешност со цвеќето, да добијат совети, консултации и идеи поврзани со уредувањето и одржувањето на цвеќето и зеленилото, да купат цвеќиња и цветни аранжмани, да се дружат на отворено и да се забавуваат.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.