Скопски цветен фестивал во паркот „Македонија"

Скопски цветен фестивал

Четврто издание на Скопски цветен фестивал ќе се одржи викендов во парк „Македонија“ во населбата Тафталиџе во Скопје во организација на Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило.

 

Манифестацијата ги обединува љубителите на цвеќето, природата, уредувањето на просторот, креативците и професионалците.

 

- Во текот на двата фестивалски дена граѓаните ќе имаат можност да ја изразат својата умешност со цвеќето, да добијат совети, консултации и идеи поврзани со уредувањето и одржувањето на цвеќето и зеленилото, да купат цвеќиња и цветни аранжмани, да се дружат на отворено и да се забавуваат, најавија организаторите.

 

Извор: МИА





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.