Без струја утре делови од општините Центар, Сопиште, Кисела Вода, Аеродром и Ѓорче Петров

Без струја делови од Скопје

Без електрична енергија утре неколку часа ќе бидат корисниците во делови од општините Центар, Сопиште, Кисела Вода, Аеродром и Ѓорче Петров.


РЦУК по известување од ЕВН Македонија АД, соопшти дека утре во периодот од 08.30 до 5 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од ул.„Филип Втори Македонски“, градилиште НБРМ, сендвичара кај МОБ, а во период од 8 до 15 часот, корисниците од ул.„Загребска“ од бр. 9 до бр. 17, како и Факултетот за Богословија во општина Центар. 
Без електрична енергија утре во период од 09.30 до 10.30 часот ќе бидат дел од корисниците од ул.„Козара“ броевите од 1 до 10, ул.„Васил Ѓоргов“ броевите од 1 до 10 и дел на објектите на ул.„Бел Камен“ и ул.„Мајка Тереза“ во општина Центар, од 08.30 до 15 часот, корисниците од село Долно Соње поточно месноста Брзовец патот кон Говрлево во општина Сопиште, а од 9 до 15 часот, дел од ул.„553“ и дел од ул.„Виктор Иго“ во општина Кисела Вода.
Утре без електрична енергија во периодот од 9 до 12 часот ќе бидат дел од корисниците од ул.„Никола Карев“ во општина Карпош, од 09.30 до 10.30 часот, дел од корисниците од ул.„Козара“ броевите од 1 до 10, ул.„Васил Ѓоргов“ броевите од 1 до 10 и дел на објектите на ул.„Бел Камен“ и ул.„Мајка Тереза“ во општина Центар, од 08.30 до 15 часот, корисниците од ОУ „Гоце Делчев“ во објектите околу училиштето, ул.„Горноврановска“ кај Два Брата и ул.„Божин Николов“ во општина Аеродром, а од 9 до 14 часот, дел од корисниците од ул.„Веле Марков“, дел од ул.„Воин Драшковиќ“ и дел од ул.„Ибе Паликуќа“ во општина Ѓорче Петров.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.