Без струја утре дел од Илинден, Кисела Вода, Сопиште и Аеродром

Без струја делови од Скопје

Дел од корисниците на општина Илинден, Кисела Вода, Сопиште и Аеродром утре ќе останат без електрична енергија, соопшти РЦУК Скопје.


Според известувањето од ЕВН Македонија без електрична енергија во периодот од 08.00 до 15.30 часот, ќе останат корисниците од село Ајватовци, Бунарџик како и објектите на Интергрос, Завар, Амајлија и Гранд Дискотека во  општина Илинден,  од 08.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од бул. Борис Трајковски, градилиштето Адора, дел од корисниците од ул. Иван Козаров – фирмите кај Тутунски Комбинат, како и дел од корисниците од улиците Балканска и Жил Верн во општина Кисела Вода, од  08.30 до 15.00 часот, корисниците од село Долно Соње, поточно од местото Брзовец на пат кон село Говрлево во општина Сопиште и од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Анастас Митрев бр.1, 3 и 5, како и магацинот на картонажа лоциран во нивна близина во општина Аеродром.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.