Скопје е подготвено за УЕФА Супер Купот

УЕФА Супер Куп

Промотивно видео за Скопје на англиски јазик, целосно брендирање на градот, неутрална фан зона на плоштадот Македонија и осветлување на калето во сина боја се дел од активностите кои Град Скопје ги презема за организација на УЕФА СуперКупот.

 

Градот Скопје е целосно подготвен за УЕФА Супер Купот 2017 кој ќе се одржи на 8 август на Националната арена ,,Филип Втори,,. На годинешниов Супер Куп силите ќе ги одмерат двата најголеми фудбалски клубови во светот, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.


Градоначалниот на Град Скопје Коце Трајановски истакна дека му оретставува голема чест и задоволство што Скопје е домаќин на УЕФА Супер Купот 2017 на кои ќе играат победникот од УЕФА Лигата на Шампионите, тимот на Реал Мадрид и победникот на УЕФА Лигата на Европа, тимот на Манчестер Јунајтед и Градот Скопје активно се вклучи во организацијата за одржувањето на овој настан и заедно со ФФМ работеа на исполнување на сите барања и стандарди поставени од УЕФА, а изработено е промотивно видео на англиски јазик чија цел ќе биде информирање на туристите и промовирање на убавините на Скопје.


ФФМ ќе ја координира ,,Трофеј турата,, и во повеќе места во Македонија ќе бидат претставени највредните пехари на УЕФА, на Лигата на шампионите, Лигата на Европа и секако на Супер купот. Турнејата ќе почне на 1 август и во наредните неколку денови пехарите ќе бидат изложени во 9 градови во Македонија.


Во организација на Град Скопје е целосното брендирање на градот, а деновиве и скопското Кале ќе светне во сината боја на Супер Купот. Исто така градот ја организира и т.н. ,,неутрална фан зона,, како и точките на поаѓање на навивачите кон стадионот ,,Филип Втори,,. Неутралната фан зона е лоцирана на Плоштадот Македонија и на истата ќе се организираат голем број активности за посетителите од сите возрасти.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.