Почна реконструкцијата на улицата ,,Втора македонска бригада,,

Втор Македонска Бригада

Денеска започна реконструкцијата на улицата Втора македонска бригада. Улицата ќе биде реконструирана во должина од 1.180 метри, а ќе се реконструираат и велосипедските и пешачки патеки

Почнаа градежните работи за реконструкција на коловозот на улицата ,,Втора македонска бригада,, на потегот од крстосницата со улица ,,Христијан Тодоровски Карпош,, до кружниот тек на улицата ,,Лазо Трповски,,.
Улицата ќе биде реконструирана во должина од 1.180 метри, ќе биде изгребен стариот и оштетен и ќе биде нанесен нов асфалт. Покрај коловозот, со овој проект е опфатена реконструкција на велосипедските и на пешачките патеки, комплетна замена на старите рабници, а ќе бидат нивелирани и шахтите и сливниците. Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски истакна дека покрај градежните работи, ЈП ,,Паркови и зеленило,, ќе го обнови зеленилото по должината на оваа сообраќајница.
Градоначалникот на Бутел Латиновски ја истакна одличната соработка што општината ја има со Градот Скопје и која вродува со реализација на уште еден инфраструктурен проект од исклучителна важност за граѓаните. Латиновски потенцираше дека Општина Бутел наликува на градилиште и дека се обновува патаната инфраструктура во должина од 7,5 километри.
Претседателот на општина Чаир Бектеши изјави дека со реализацијата на овој проект значително ќе се подобри одвивањето на сообраќајот во општина Чаир и Скопје и го оцени истиот како исклучително важен. За овој градежен зафат, Градот Скопје ќе издвои 10,6 милиони денари, а градежните работи треба да завршат за 180 дена.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.