Две претоварни станици за отпад ќе се изградат во Скопскиот регион

Отпад

Две претоварни станици за отпад, едната во Шуто Оризари и другата во Вардариште ќе бидат изградени со цел да ги опслужат општините од Скопскиот регион.

Ова денеска беше соопштено на јавната расправа организирана од Министерството за животна средина и просторно планирање и Секторот за животна средина.
Во Скопскиот регион ќе се изградат две претоварни станици. Првата во Шуто Оризари, која ќе ги опслужува општините Бутел, Ѓорче Петров, Карпош, Сарај, Чучер-Сандево и Шуто Оризари. Втората ќе биде во „Вардариште“ Гази Баба и ќе ги опслужува општините Гази Баба, Арачиново, Петровец и Илинден. Општините Аеродром, Кисела Вода, Центар, Чаир, Зелениково, Студеничани и Сопиште ќе го пренесуваат својот отпад директно до центарот за управување со отпад „Дрисла“. Ова денеска беше соопштено на јавната расправа организирана од Министерството за животна средина и просторно планирање и Секторот за животна средина, што се одржа во Совет на Град Скопје. Во моментов во Скопскиот регион има најнапреден начин на управување со отпад, најнапредна технологија и се врши делумно рециклирање. Тим лидерот на проектот истакна дека иако постои „Дрисла“ се уште има многу диви и нестандардни депонии. Се уште стапката на собирање не е 100 отсто и не е достигната целта во поглед на рециклирањето. Целта на проектот е да ја изработи целата потребна документација за да може да се воспостави еден интегриран систем на управувње со отпад во Скопкиот регион. Ги содржи сите фази, од собирање на отпадот до третман и негово одложување на депонија. Проектот ќе чини околу 13 милиони евра, а целиот капацитет да почне со работа до крајот на 2021 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.