Без струја утре корисници од Кисела Вода и Аеродром

Без струја делови од Скопје

Корисниците од ул. „Иван Хаџи Николов“  лоцирани околу последната станица на автобуската линија 41 во општина Кисела Вода утре од 8.30 до 12.30 часот ќе немаат електрична енергија.


Во истиот период струја ќе немаат и корисниците од ул. 2 во село Долно Лисиче во општина Аеродром, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување добиено од ЕВН Македонија. 


Без електрична енергија утре од 8.30 до 15 часот ќе бидат и  корисниците од бул. „Борис Трајковски“ лоцирани кај првиот влез на фабриката ОХИС, како и објектите на ресторан „Амор и Ман“ во општина Кисела Вода.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.