20 милиони евра профит од Супер купот

Супер куп

200. 000 евра потрошил Градот Скопје на организација на Супер купот не сметајќи ги трошоците за снимањето на промотивниот видео спот, и за потребите на јавните претпријатија, а приходот од изминатите два дена, фудбалска еуфорија, се проценува на 20 милиони евра, додека на наутралната фан зона продефилирале 100. 000 посетители.

 

Ова денеска го изјави градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, еден ден по грандиозниот спортски спектакл на Арената Филип Втори во Скопје.

 

Трајановски исто така нагласи дека стандардите на УЕФА се исполнети, што не прави добри домаќини, достојни за организирање на настани од светски рамки.

 

Филип Поповски, генералниот секретар на ФФМ рече дека добрата организација на Супер купот ни отвара можност за аплицирање и за други големи фудбалски случувања.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.