Во Скопје вчера 12 сообраќајки, пајакот отстранил 65 возила

Сообраќајни незгоди во Скопје

Во текот на вчерашниот ден во Скопје се случиле 12 сообраќајни незгоди, од кои во четири со полесни телесни повреди се здобиле четири лица, а пет поминале само со материјална штета. Се случиле и три незгоди во кои со тешки телесни повреди се здобиле три лица, а со телесни повреди се здобиле седум лица.


Како што соопшти СВР Скопје, сообраќајната полиција санкционирала 13 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи поминале на црвено светло на семафорот, 10 возачи ги управувале своите возила без возачка дозвола, односно нерегистрирани, а 11 возачи не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.


Затекнати биле 44 непрописно паркирани возила, а санкционирани се и четворица возачи на велосипеди со мотор, мопеди и мотоцикли кои за време на возење на пат не го носеле заштитниот шлем на глава.


Со помош на специјалното возило „пајак“ биле отстранети 65 возила.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.