Продолжува реконструкцијата на улицата „Кемал Ататурк"

Ул. „Кемал Ататурк"

Екипите на Град Скопје ги продолжуваат градежните работи за реконструкција на коловозот на улицата „Кемал Ататурк“, на потегот од крстосницата со улицата „Цветан Димов“ до крстосницата со улицата „Џон Кенеди“, на должина од 260 метри.


Досега, како што соопшти Град Скопје, беше отстранет стариот и оштетен асфалт на оваа делница, засилен носечкиот слој и нанесен нов асфалт. Градежните работи на улицата „Кемал Ататурк“ ќе продолжат со формирање тротоари на вкупна површина од 780 метри квадратни, на кои ќе се наредат бекатон-плочки.


Проектот за обнова на коловозот на улицата „Кемал Ататурк“ е резултат на меѓуопштинската соработка меѓу Град Скопје и општина Чаир, во вкупна вредност од 4,8 милиони денари. На терен работат екипите на ЈП „Улици и патишта“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.