Четири викенди по ред во Скопје ќе има одлична забава

,,Супер Скопје,,

Четири викенди по ред во Скопје ќе има одлична забава во рамки на манифестацијата ,,Супер Скопје,,. Кејот 13-ти Оември, Плоштад Скендербег, Плоштад Св. Спас на Кале и Улиците Македонија и Боемска се локациите на кои ќе се случува забавата со повеќе музички имиња.

 

Одлична музика и многу забава ќе биде понудена наредните четири викенди во рамки на големиот настан ,,Супер Скопје,,. Секој петок и сабота, на различна локација, скопјени и посетителите на Скопје ќе имаат можност да ги проследат настапите на голем број на музички ѕвезди од домашната и регионалната музичка сцена. Градоначалникот на Град Скопје истакна дека иницијативата за ,,Супер Скопје,, произлезе како предлог од сопствениците и менаџерите на угостителските објекти, а истата е во насока на подобрување на состојбата со забавниот живот и понуда во Скопје.


Целосната програма за ,,Скпер Скопје,, ја претстави директорката на ЈУ ,,Конгресен центар Александар Македонски,, Вера Бошковска, каде сите забави ќе бидат со почеток во 21 часот.

 

- На 18 и на 19 август забавата ќе се организира на Кејот 13 Ноември, каде:

 

На 18 август (петок) ќе настапи Сергеј Четковиќ,

На 19 август (сабота) ќе настапат Бајага и Инструктори.

 

- Супер Скопје на 25 и на 26 август ќе се префрли во Старата Скопска Чаршија, каде:

 

На 25 август (петок) забавата ќе биде на плоштадот Скендер Бег каде ќе настапат Трикс (Trix), Гоца Тржан, Цена (Cena) и Гоце САФ

На 26 август (сабота) забавата ќе биде на плоштадот пред „Свети Спас“ каде ќе настапат Офкестра (Offchestra), Фанки Гуру (Funky Guru), Енерџи бенд (Energi bend) и Фиц (Студени нозе).

 


- На 1 и на 2 септември забавата ќе се организира на улица Македонија, каде:

 

На 1 септември (петок) ќе настапат Ди Џеј Баже (Антена 5), Ај Кју (Eye Cue) и Каролина Гочева

На 2 септември (сабота) ќе настапат Ди Џеј Дела (DJ Dela), Тамара Тодевска и Нокаут со специјални гости – Игор Џамбазов и Гуру Харе

 


- На 8 и на 9 септември забавата ќе се организира на Боемската улица во Дебар Маало, каде:

 


На 8 септември (петок) ќе настапат Влатко Илиевски, Синтезис и Фолтин

На 9 септември (сабота) ќе настапат Нино Величковски и Тамбураши, Љубојна и Џамбо Агушев оркестар

 

Скопјани ги поздравија и ги поканија за одлична забава и Верче Милошевска од ,,Љубојна,, Бојан Трајковски од ,,АЈ Кју,, Влатко Илиевски, како и Сезгин Кури од косовскиот бенд ,,Офкестра,,. Главен организатори на ,,Супер Скопје,, е ЈУ ,,Конгресен центар Александар Македонски,,.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.