Во Скопје вчера 11 сообраќајки, двајца потешко повредени

Сообраќајни незгоди во Скопје

Две лица се потешко повредени во две од вкупно 11 сообраќајни незгоди што се случиле вчера во Скопје. Во три сообраќајки полесно се повредени пет лица, а во шест регистрирана е само материјална штета.


Во текот на вчерашниот ден од сообраќајната полиција откриени и санкционирани се и поголем број прекршоци меѓу кои 19 возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, пет возачи не ги почитувале светлосно сигналните уреди, 13 возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано, а 32 возачи не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон. Биле регистрирани 49 непрописно паркирани возила.


Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети се 52 возила.


Во рамки на сообраќајно-воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со децата од средна и голема група во градинка „Срничка“, објект „Изворче“, која се наоѓа на подрачјето на општина Аеродром.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.