„Супер Скопје" викендот продолжува во Старата скопска чаршија

„Супер Скопје"

Проектот Супер Скопје, надерниот викенд продолжува на нова локација, во старата скопска чаршија. Согласно одлука на Советот на Град Скопје, вечерите кога се одржува „Супер Скопје“ работното време на угостителските локали е продолжено за еден час.

 

Град Скопје информира дека проектот „Супер Скопје“ продолжува наредниот викенд во Старата скопска чаршија.


На плоштадот „Скендер Бег“ в петок, во 21 часот ќе настапат Трикс Гоца Тржан, Цена и Гоце САФ. В сабота на плоштадот пред црквата „Свети Спас“ во 21 часот ќе настапат Офкестра, Фанки Гуру, Енерџи бенд и Фиц (Студени нозе).


- Проектот „Супер Скопје“ доаѓа на предлог и иницијатива на сопствениците и менаџерите на угостителски објекти од повеќе локации од Скопје и е во насока на подобрување на културно-забавната понуда во главниот град, соопшти Град Скопје. 


Главен организатори на „Супер Скопје“ е ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски“, а за реализацијата се задолжени „Горила Вајлд ентертејмент груп“.


Согласно одлука на Советот на Град Скопје, вечерите кога се одржува „Супер Скопје“ работното време на угостителските локали е продолжено за еден час.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.