Од утре почнува Вино Скоп 2017

Вино Скоп 2017

Десетина македонски винарии по промотивни цени, ќе го промовираат своето вино од утре до 24 септември во рамки на вино скоп 2017. Покрај дегустација на квалитетно вино организаторите најавуваат и богата културно - забавна програма.

 

По единаесетти пат, од утре до 24 септември на плоштадот Мајка Тереза, пред македонската опера и балет ќе се одржува фестивалот на виното Вино Скоп. На фестивалот ќе бидат застапени десетина македонски винарии, кој по промотивни цени ќе понудат дегустација на вината од својот асортиман. Долгогодишната традиција на фестивалот е поддржана и од Град Скопје. Слободан Ќосев, од Секторот за локален економски развој на Град Скопје нагласи дека преку поддршката на овој фестивал, всушност се поддршува развојот на квалитетен вински туризам, како дел од богатото култуно наследство на Македонија.


Оганизаторот на вино скоп најавува богата музичка програма со настапи на Караванија, Калевала-бенд, Викторија Лоба, Ај Кју, Нокаут, ДЈ Александар Јорданов, Поп Арт Бенд, Нина Јанева со 2 Егзит, Фиц, Чил Плеј, Миле Кузмановски, дуото Куку Леле, етнобендот Баклава. Новитет оваа година се афтер ворк забавите во четврток и петок, а ќе има и викенд матине.


Вечерните забави ќе започнуваат во 21 часот, додека пак дневните во четврток и во петок од 17 часот, а во сабота и во недела во 12 часот. Како и секоја година влезот е бесплатен, а манифестацијата ќе трае до недела.


Фестивалот на виното „Вино Скоп", го организира Секторот за локален економски развој на Град Скопје во соработка со Друштвото за угостителство, трговија и услуги Темов фшт Доо-Скопје. За реализација на овој фестивал на виното, додаде, Градот Скопје од буџетот издвои 700.000 денари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.