Град Скопје упати сочувство за настраданите во земјотресот во Мексико

Земјотрес во Мексико

Градот Скопје упати писмо со сочувство до граѓаните на Мексико по повод катастрофалниот земјотрес во централниот дел на нивната земја.


- Во овие трагични моменти, од името на граѓаните на Град Скопје примете го нашето искрено сочувство за изгубените човечки животи во оваа катастрофа, иако нема зборови што можат да ја намалат вашата тага и тагата на граѓаните на Соединетите Мексикански Држави, со надеж ваквите трагедии никогаш повеќе да не се повторат, се вели во писмото со сочувство од Градот Скопје. 


Во него се посочува дека Скопје пред 54 години на 26 јули 1963 година, градот Скопје, исто така, беше разурнат од катастрофален земјотрес.


- Во тоа време, кога многу граѓани го загубија својот живот, а преостанатите останаа без место за живеење, Мексико му помогна на уништеното Скопје, се вели во писмото.


Од Град Скопје потенцираат дека во духот на пријателството и солидарноста што ја негуваат нашите народи, на граѓаните на Мексико им стои на располагање за секаков вид помош што градот може да ја обезбеди. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.