500 велосипедисти денеска возеа од Порта Македонија до Школка во Градскиот парк

„Ден без автомобили“

Над 500 ученици и граѓани на Скопје денеска во рамките на Европската недела на мобилност учествуваа на велосипедското дефилето по повод Меѓународниот „Ден без автомобили“ кои од Порта „Македонија“ возеа до Школка во Градскиот парк.На Школка покрај забавната програма, преку лотарија беа доделени 14 велосипеди како симбол на користење алтернативни превозни средства.

 

Повеќе од 500 граѓани на Скопје денеска во рамките на Европската недела на мобилност учествуваа на велосипедското дефилето по повод Меѓународниот „Ден без автомобили“ кои од Порта „Македонија“ возеа до Школка во Градскиот парк., каде што беше организирана музичка програма со лотарија на која беа доделени 14 велосипеди, на учесниците во велосипедското дефиле.


Градските власти се почесто апелираат до граѓаните за масовна употреба на велосипедот како превозно средство, со што би се намалил сообраќајниот метеж, и најважно, би имало помало загадување на воздухот. Од друга страна пак, граѓаните велат дека во македонската метропола се уште нема соодветна инфраструктура, за секојдневно користење на велосипедот како превозно средство.


Да се биде велосипедист во Скопје е голем предизвик. Покрај справувањето со несоодветната инфраструктура, велосипедистите неретно имаат и проблеми и со нервозните возачи на автомобили, но сепак се упорни во намаерата да ја променат свеста кај населението


Некои од граѓаните велат- ретко користат велосипед, но се едногласни дека ни треба почиста животна средина.


Денот без автомобили во Скопје се одбележува од 2002-ра година. Големиот број велосипедисти нe потсетуваат дека не само денеска, 365 дена во годината треба да се грижиме за здрава животна средина

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.