All for Joomla All for Webmasters

Скопје трча 10 км на 8 Октомври

Скопје трча 10 км

Организаторите на Виз Ер скопскиот маратон, најавуваат нова улична трка која според нивото на интерес се очекува да прерасне во традиционална спортска манифестација која ќе ги одбележи есенските денови. Станува збор за трката од 10 километри во склоп на Скопје трча 10КМ и штафетната трка од 2 х 5 километри.

 

Пријавувањето за двете трки завршува на 6ти октомври и право на учество имаат сите кои сакаат да се надминат себеси во интересен и возбудлив натпревар. Котизацијата за трката од 10 километри е 400 денари до 5ти октомври и 500 денари на 6ти октомври. За штафетната трка таа изнесува 700 денари за цел тим до 5ти октомври и 900 денари за цел тим на 6ти октомври. Стартниот пакет содржи стартен број со чип, медал на крај од трката, освежување и овошје, резултати во живо, онлајн диплома и фотографии овозможени од Pic2Go. Воедно, сите кои се пријавија до 29ти септември ќе добијат стартен број со нивното име.

 

Стартните пакети можат да се подигнат во сабота, 07.10.2017, во Спортскиот центар “Борис Трајковски“ од 10 до 18 часот.


Стартот на трката ќе биде на осми октомври во 8 часот, на булеварот „Илинден“ во близина на фонтаната „Лотус“. На истото место ќе биде и целта на трката затоа што истата е кружна и ќе се трчаат 2 круга од по 5 километри, по должина на булеварот. Со дипломи ќе бидат наградени првите 3 места во категории по возраст од 35 до 44 години, од 45 до 54 години, и над 55 години. Во штафетната трка од 2 х 5 километри првите 3 места во сите категории, и тоа тим од 2 машки, тим од 2 женски, тим од 1 машко и 1 женско ќе бидат наградени со пехари и дипломи.


Сите учесници со стартен број се дел од лотаријата преку која по случаен избор ќе бидат доделени награди од спонзорите на Скопје трча 10КМ.


Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски Клуб Работнички и Атлетската федерација на Македонија.


Оваа трка е дел од календарот на Атлетската федерација на Македонија и Европската атлетска асоцијација, а од следната година предвидено е да стане член на Меѓународната асоцијација на маратони и улични трки.

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени. | Мапа на сајтот | RSS |