Утре без струја делови од Гази Баба, Ѓорче Петров, Сарај и Шуто Оризари

Без струја делови од Скопје

Регионалниот центар за управување со кризи информира дека утре без електрична енергија ќе останат неколку скопски општини. Станува збор за општините Гази Баба, Ѓорче Петров, Сарај и Шуто Оризари.


Од 8:30 до 10:30 часот утре без електрична енергија ќе останат корисниците на Телеком од улицата Перо Наков и бензиската пумпа Крип Транс во општина Гази Баба.


Во периодот од 8:30 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од селото Волково, подулици со броеви 24, 58, 60, 72, 74, 76, 78 и 80 во општина Ѓорче Петров.


Од 9 до 15 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од селата Семениште и Чајлане, општина Сарај и дел од корисниците лоцирани на улиците Пелагонија, Брсјачка буна и Злетовска во општина Шуто Оризари.


Како што соопшти РЦУК - Скопје, прекинот е поради инвестиции во електросистемот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.