Хуманитарен настан за бездомните животни

Хуманитарен настан за бездомни животни

Промотивно хуманитарен настан за собирање донации за помош и заштита на бездомните животни, организира денеска Граѓанската иницијатива Кане Корзо Надеж.


Настанот е од отворен карактер, а поканети се сите кои сакаат животни, доброволци, активисти. Настанот отвара можност за донирање храна, ампули, каква било опрема за кучиња или друго нешто што би можело да биде корисно за бездомните животни.


Уметниците Лидија Стефановска, Светлана Ивановска, Марина Јакшиќ, Жаклина Мучева, Соња Димовска, Алма Идризи, Емили Унева, Ангела Стојановска, Неслихан Сулејман,... ќе имаат изложено свои ракотворби, а 20 отсто од нивната заработка ќе биде донирана за бездомните животни.


Настанот го помага и модниот дизајнер Ирина Тошева заедно со студио Ла Дама. Тие, од сумата собрана од продадените парчиња, ќе донираат 30 проценти за бездомните животни.


Изложена ќе биде и поезијата „Еленот слуша виножито“, донација од издавачката куќа „Три“, со Магдалена Чапаровска.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.