Повеќе делови на Скопје утре беа струја

Делови на Скопје беа струја

За утре Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека неколку општини ќе останат без електрична енергија. Станува збор за општините Шуто Оризари, Карпош, Сарај и општина Ѓорче Петров.


Без електрична енергија утре во перодот од 09:00 до 15:00 часот ќе бидат корисниците од делови од улиците "Злетовска", "Пелагонија" и "Брсјачка Буна", во општина Шуто Оризари. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е заради закажани технички зафати. Во периодот од 08:30 до 12:00 часот утре без струја ќе бидат и корисниците од улица "Влае", во општина Карпош. Без струја од 09:00 до 15:00 часот ќе бидат и корисниците од делови од селата Семениште и Чајлане, во општина Сарај. Во периодот од 10:30 до 13:00 часот без електрична енергија ќе бидат и корисниците од делови од улиците "Панајот Гиновски" и "Александар Македонски", Маркетот Стокомак и бензинската пумпа на Мак Петрол со околните објекти, во општина Ѓорче Петров.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.