Во Скопје 180 бездомници, 50 ги користат услугите во Пунктот во Момин Поток

Пункт за бездомни лица во Момин Поток

На територијата на Скопје има 180 бездомни лица, според базата на податоци на Црвениот крст. На дневна основа услугите на Пунктот за бездомни лица во Момин Поток ги користат 50 лица, истакна денеска секретарот на Црвен крст - Град Скопје, Сузана Тунева Пауновска по повод Светскиот ден на бездомнштвото.


Пунктот за бездомници на територијата на Скопје функционира веќе осум години, и во него два пати во неделата бездомниците можат целосно да се грижат за својата хигиена, да добијат облека, топла храна, совет од лекар, психосоцијална поддршка и правна помош, истакна Тунева- Пауновска.


Пунктот има посебна програма во зимскиот период, подготовките за зимскиот период се завршени и има дополнителни 20 кревети во однос на минатата година. Вкупно има 40 легла, а ако има поголем број лица, кои бараат сместувања се отвораат и дополнителните интернати или се наоѓаат алтернативни решенија.


Тимот на црвениот крст работи и на ресоцијализација и враќање на овие лица во нормалните текови на живеење.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.