"Нахрани 1.000" акција за донирање храна

"Нахрани 1.000"

По повод Светскиот ден за борба против сиромаштијата на 17 октомври на пет локации во Скопје граѓаните ќе можат да донираат храна за бездомниците и за загрозените семејства, во рамки на хуманитарната акција "Нахрани 1.000".


Организаторите посочуваат дека граѓаните можат да донираат храна со подолг рок на траење, како ориз, грав, сол, шекер, брашно, тестенини, зејтин, грашок, конзервирана риба, супи, бисквити, конзервирано овошје и зеленчук...


Штандовите каде граѓаните ќе можат да ја донираат храната ќе бидат поставени на плоштадот Македонија, пред Сити Мол, пред Веро маркетот во Аеродром, пред Домот на градежници во Центар и пред маркетот Тинекс во Ѓорче Петров.


Од Црвен крст информираат дека целта на оваа акција е поттикнување на солидарноста, како и подигнување на општествената свест за донирање храна на оние на кои таа им е најпотребна, секој ден.


Блаже Јосифовски од "Ајде Македонија", вели дека акцијата е мотивирана од анализите кои покажале дека околку 445 илјади граѓани во Македонија не можат да си дозволат повеќе од еден оброк дневно.


Организатори на акцијата, покрај "Ајде Македонија", и "Љубезност", се и Црвениот крст на Град Скопје, Сојузот на извидници на РМ и организацијата АДРА. Тие апелираа граѓаните што помалку да фрлаат храна и да се обидат вишокот да заврши кај оние на кои им е најпотребна.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.