Петре Шилегов објави победа во првиот круг од Локалните избори 2017

Петре Шилегов

Кандидатот за Градоначалник на СДСМ за Град Скопје Петре Шилегов денеска на прес конференција објави победа уште во првиот круг и порача дека градската администрација која тој ќе ја предводи ќе биде сервис на граѓаните.

 

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Петре Шилегов денеска објави победа уште во првиот круг во Локалните избори 2017. Шилегов на прес конференција порача дека новото Скопје повторно се раѓа, а Македонија ги заокружи промените и тргна напред, а градската администрација ќе биде сервис на граѓаните.


Шилегов им се заблагодари на сите граѓани на Скопје, на сите политички партии кои учествуваат во изборите, како и на сите институции што овозможија слободни и демократски избори. На овие избори, како што нагласи, победија граѓаните на Скопје и цела Македонија.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.