Делови од Скопје утре без струја

Делови од Скопје без струја

Од 8:25 до 12 часот утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улиците „Багдадска“ и „Анкарска“ во општина Карпош. 


Во периодот од 8:30 до 10:30 часот без струја ќе бидат дел од жителите од улицата „Студеничанска“ и корисниците од објектите во индустриската зона во Пинтија, објектите од мостот кон Драчево до станбените објекти во Пинтија, Прототип, Бато и Дивајн, Геинг, Макомаркет, сите стопански и нестопански објекти на булеварот „Борис Трајковски“, бензиските пумпи на патот кон Драчево, Техногума, Гоива, Грос комерц, Магнус, Ваташа, Електро Елемент и Орбико, сите во општина Кисела Вода.


Без снабдување со електрична енергија од 9 до 13 часот ќе бидат корисниците од улицата „Анкарска“ од бр.10 до бр.20, а од 9 до 13:30 часот дел од корисниците од улицата „Хо Ши Мин“ броевите: 137, 139 А и Б, 141, 143 А и Б, 133, 135 А и Б во општина Бутел.


Од 7:30 до 9:30 часот без струја ќе останат дел од корисниците од улицата „Пушкинова“ бр.6 во општина Кисела Вода, а од 10:30 до 12:30 часот корисниците од селата Студеничани и Морани.


Во периодот од 12:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од Драчево, на стариот пат кон селото Батинци, Врапче, Љубош и Батинци, како и индустриските објекти од мостот кон Драчево кон село Батинци и сите стопански и нестопански објекти на патот кон село Батинци. 


Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради инвестиции во електросистемот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.