Град Скопје ќе ангажира работници за 6000 денари, опозицијата обвинува за непочитување на човечкото достоинство

Град Скопје

Жесток вербален судир помеѓу градоначалникот на Град скопје, Петре Шилегов, и советничката Светлана Колариќ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ предизвика предлог одлуката на советот на Град Скопје за вработување на 1. 000 работници за хонорар од 6. 139 денари.

 

Една од точките кои се најде на дневен ред на денешната Седница на град Скопје беше и Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Програмата за дополнителни активности на ЈП Комунална хигиена – Скопје во делот на јавната чистота на подрачјето на Град Скопје за период од 01.04. до 31.12.2017 година, со што е предвидено ангажирање на 1.000 работници за плата од 6.139 денари. Ова предизвика жестока дебата помеѓу советниците од опозициската партија, и партијата на власт. Една од најгласните противници на оваа одлука беше Светлана Колариќ, советник во советот на Град Скопје, од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, која како што рече работниците од предвидените средства ќе треба да издвојат 2.000 денари за автобуска карта и храна, со што се омаловажува достоинството на граѓаните.


На тоа одговор даде и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, кој како што рече, предвидените 6. 139 денари ќе бидат исплатени во нето износ.
Сепак, мнозинството во Советот на Град Скопје ја донесе одлуката, со која се предвидува организирање на еколошка акција во која ќе бидат ангажирани 1.000 работници.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.