Десет сообраќајки во Скопје, повреден пешак

Сообраќајки во Скопје

Пешак бил потешко повреден во една од вкупно 10 сообраќајки регистрирани во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во четири незгоди полесно биле повредени четири лица, а во пет била причинета материјална штета.


Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Дваесет и осум возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи поминале на крстосница на црвено светло и двајца возачи не дале првенство на минување. Од сообраќај биле исклучени 17 возачи: еден возач го управувал возилото под дејство на алкохол, 13 возачи го управувале возилото пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и тројца возачи почетници. Од сообраќај биле исклучени и 16 нерегистрирани возила. Санкционирани биле и двајца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин. Затекнати биле 80 непрописно паркирани возила.


Со помош на  специјалното возило пајак, отстранети биле 92 возила.  


Денеска Одделението за превенција при СВР Скопје во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе реализира едукативни работилници со ученици од второ и четврто одделение во ПОУ „Ристо Крле“ во Мралино и во Бунарџик кои се наоѓаат на подрачјето на општина Гази Баба.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.