Претставени кумот и здравичарот на Бадник 2018

Бадник 2018

Скопјани годинава по 26-ти пат ќе уживаат во Бадникарските свечености, благодарение на активностите на Граѓанското здружение Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје. Оттаму истакнуваат дека направени се сите подготовки за успешно одвивање на манифестацијата.


Кум на 26-тата прослава на Бадник ќе биде Влатко Огненоски - Шеф, а здравичар , реномираниот македонски уметник Стефан Хаџи Николов - Штеф. Традиционално на 24 декември во пределот на Говрлевска Краста на Водно ќе се берат бадникови гранчиња, а прославата е на Бадник, 6 јануари, пред Соборниот храм во Скопје.


Влатко Огненоски кој е уметник во кујната изрази задоволство што е избран за нов кум и потенцира дека ги прифаќа сите обврски што следат за убаво продолжување на скопските традиции.


Стефан Хаџи Николов - Штеф е реномиран македонски уметник кој претставува симбиоза на генијален квалитет на македонската уметност. Тој е роден во Скопје во семејство на стари скопјани. Хаџи Николов рече дека неговото семејство со традиција наназад го одбележува овој голем христијански празник.


Традиционално со бадниково гранче, греана ракија и нафора скопјани наредната година по 26 пат пред Соборниот храм во Скопје ќе го празнуваат големиот христијански празник Бадник.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.