Граѓаните на 193 да пријавуваат палење оган на отворено

Мерки против загадувањето

Скопје и граѓаните и понатаму се гушат во загаден воздух. Денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, промовираше нова мерка против загадувањето. Станува збор за можност за пријавување на запален оган на отворено, со што би се спречило дополнително загадување на воздухот.

 

Од денеска сите граѓани на Скопје на телефонскиот број 193, кој ќе биде достапен 24 часа, ќе можат да пријават доколку некој пали оган на отворено.


За да се справи проблемот со горењето пластики, гуми, неквалитетни дрва на отворено, што, како што рече градоначалникот на Град Скопје, влијае на загадувањето на воздухот, формирани се тимови од претставници на Градот, Министерство за труд и социјална политика, МВР, Противпожарната бригада, Црвениот крст на Град Скопје и Здружение „Љубезност“ кои ќе патролираат исто така 24 часа.


На овој број, додаде Шилегов ќе може да се пријави и горење на диви депонии, и топилници на див отпад, и додаде дека засега градот нема лоцирано такви објекти.


Како што посочи Шилегов, ова е само една од мерките со кои треба да се влијае на намалувањето на загаденоста. Додаде дека ќе се преземаат и дополнителни мерки, но потребен е системски пристап во решавањето на проблемот и општеставена одговорност.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.