Над 600 граѓани побарале поддршка од семејниот центар на Град Скопје

Жртви на семејно насилство

Од Првиот семеен центар на Град Скопје досега повеќе од 600 лица, сторители или жртви на семејно насилство побарале и добиле поддршка. Семејниот центар функционира во рамки на проектот Советувалиште за превенција на злоупотреба на дроги и семејно насилство, а е финансиски поддржан од Градот Скопје.

 

Денеска во посета на центарот беше градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов кој рече дека во буџетот за 2018 година Градот Скопје ги зголемува средствата за поддршка од 700 илјади на 1,5 милиони денари.


Фросина Иванова од ХЕРА информираше дека изминатата година е зголемен бројот на лица кои добиле помош од стручни лица во Центарот. Најголем број од жртвите на семејно насилство се жени 82, 28 се сторители на семејно насилство, а 41 малолетни лица кои биле директно или индиректно изложени на семејно насилство.


Семениот центар е единствено бесплатно советувалиште за сторителите на насилство со кои се работи врз основа на специјализирана програма за третман.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.