Без струја утре дел од жителите на Ѓорче, Карпош и Центар

Без струја делови од Скопје

Без електрична енергија утре по неколку часа ќе бидат дел од жители на Ѓорче Петров, Карпош и Центар поради закажани технички зафати на ЕВН Македонија во дистрибутивната електро мрежа.

 

Од 09:00 до 10:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Црногорска“, „Кузман Шапкарев“, „Гостиварска“ и „Беаз Куле“ во Ѓорче Петров. Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од дел од бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“, поточно од бр. 98 до бр. 114 во Карпош, и од 10:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на „Максим Горки“ и „Наум Наумовски - Борче“ во Центар.

 

Во вторник (19 декември) од 9:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. „Мирче Оровчанец“ во Центар, од 9:00 до 14:30 часот дел од корисниците од село „Сарај“ и од 10:00 до 14:00 часот дел од корисниците на улиците „Прашка“ и „Париска“ во скопски Карпош.

 

Извор: МИА





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.