Креативни работилници за деца во Јавна соба

„Social Sunday“

Креативни работилници за деца „Social Sunday“ ќе се одржуваат денеска во Јавна соба. Работилниците се наменети за деца од две до 15 години, а се поделени во неколку активности.

 

- Неделата е ден резервиран за семејството, најблиските, оттука и идејата да можеме да креираме квалитетна програма каде сите заедно, но и сите безгрижно, ќе можат да го исполнат неделното попладне, велат од Јавна соба.

 

Децата ќе можат да учествуваат во „Кулинарска работилница - направи своја паста”, во „Работилница за моделирање со Jumping Clay глина”, како и во „Работилница за дизајн размислување”.

 

Покрај работилниците ќе се одржи и детското ќоше „Мелиса и Даг”, каде децата од две до пет години ќе се развива моториката, чувството и инспирацијата со помош на дрвени играчки.

 

Учеството во работилниците може да се пријави на линкот http://publicroom.org/workshops/social_sunday.html.

 

Извор: МИА





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.