Без струја утре делови од пет скопски општини

Без струја делови од Скопје

Од 8.30 до 14 часот утре без струја ќе бидат корисниците од ул. „Киро Фетак“ 1 во општина Кисела Вода, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување од ЕВН Македонија. 


Без електрична енергија утре ќе останат и корисниците од ул. „Чаирска“ од бр.98 до бр.108 како и околните куќи во нивна близина во општина Чаир (од 08.30 до 14.30 часот), дел од корисниците од село Никиштани во општина Ѓорче Петров (од 9 до 12 часот), дел од корисниците од улиците „Јужноморавски бригади“, „Жегљане“, „Среќко Пужалка“, „Товарник“ и „Палмиро Тољати“ во општина Гази Баба (од 9 до 15 часот), корисниците од ул. „Љубљанска“ бр.6 во објектот на Сити Тауер во  општина Карпош (од 09.30 до 11.30 часот).


Од 10 до 15 часот утре без струја ќе биде и објектот на спортската сала „Работнички“, военото игралиште - Градски парк, објектите на рестораните „Маракана“, „Уранија“ и „Кај Вршац“, тениските терени „Југ“ и „Уранија“, градската плажа и околните објекти во општина Карпош.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.