Советот на Град Скопје едногласно утврди нова цена на водата за РЖ „Услуги"

Петре Шилегов

Советот на Град Скопје едногласно ја донесе одлуката за утврдување на цена како надоместок на трошоци за обезбедено доведување на вода за РЖ „Услуги“ АД Скопје (комплекс „Железара“).


Одлуката беше на предлог на скопскиот градоначалник Петре Шилегов која ја поддржаа сите 38 присутни советници.


Според советниците од ВМРО-ДПМНЕ, се работи за исправна одлука, но требало да се слушне и спротивната страна на што градоначалникот Шилегов рече дека не ја консултирале другата страна.


- Не ме интересира другата страна. Ме интересира состојбата во ЈП „Водовод и канализација“. Во Град Скопје до крајот на мојот мандат нема да има повластено плаќање на услугите од ЈП „Водовод и канализација“. Имаме доволно разбирање и ќе дадеме период на адаптација и никому не должиме ништо. И затоа така лесно ги носиме тешките одлуки. Оваа одлука е исправна за Град Скопје, рече Шилегов.

 

Град Скопје со поранешната „Рудници и Железарница“ Скопје во 1970 година имале склучено договор со кој тогашната „Рудници и Железарница“, а сегашна РЖ „Услуги“, што ги опслужува „Макстил“ и некои други субјекти во комплексот на поранешна „Железара“, не ја наплаќале питката вода.


Шилегов појасни дека сите правни субјекти во Градот на ЈП „Водовод и канализација“ му плаќаат по околу 44 денари за еден кубик вода, а РЖ „Услуги“, односно „Макстил“ и останатите компании во тој комплекс за кубик вода плаќаат 3,5 денари.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.