Сообраќајни искуства од Париз за Скопје

Средба Шилегов - Најдовски

Развојните визии на новата градска администрација и искуствата кои главниот град на Франција може да му ги пренесе на Скопје беа тема на разговор на денешната средба во Париз меѓу заменик-градоначалникот на Париз, Кристоф Најдовски, задолжен за јавниот сообраќај во градот и скопскиот градоначалник Петре Шилегов.


Двајцата, како што информираат од Град Скопје, разменија мислења за можноста за воведување на трамвајскиот превоз во Скопје, системи за споделување велосипед и возила, како и искуства во спроведувањето на паркинг политиките во двата града. Најдовски понуди помош во изработката на идните планови и стратегии по овие прашања од Градот Париз.


Шилегов во рамките на официјалната посета на Париз вчера имаше средби со француските стопанственици, а денеска покрај со администрацијата на градот Париз имаше и состанок во Директоратот за Континентална Европа при француското МНР, каде говореше за интензивираната меѓународна активност на Град Скопје и за потребата од зголемена градска дипломатија со главните европски градови, покрај редовната соработка со збратимените. Двете страни се согласија дека соработката мора да се засили и дека Скопје и Македонија треба поактивно да се вклучат во активностите на Меѓународната организација на Франкофонијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.