Одбележани деновите на водата, со акцент на најмладите во Скопје

Денови на водата

Во организација на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Град Скопје и општините на територијата на градот Скопје, денеска започна одбележувањето на Светскиот ден на водата, 22-ри март. Во одбележувањето, главниот акцент беше ставен на најмладите кои преку креативни работилници, подароци, песнички и раскази, учеа за значењето и рационално трошење на водата.


Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, по отворањето на настанот во ОУ „11 октомври“,  рече дека целта е преку симболичен начин со најмладите да се сподели едукативно искуство за значењето на водата, при што додаде дека цената на водата во Скопје и понатаму останува иста.

 

Директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје Душко Весковски, рече дека целта е преку едукативни игри да се покрене значењето на водата и воедно да се објасни дека Градот Скопје има перфектно чиста вода за пиење. Весковски информира дека ЈП Водовод и канализација од 1 април па во следните два месеци почнува со акција со која граѓаните ќе може да ги подмират своите долгови без камата.

 

Елизабета Дамјаноска Спасеновска





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.