All for Joomla All for Webmasters

„Копче“, нова продавница за стара облека

„Копче“

Нова продавница за стара облека „Копче“, каде што граѓаните ќе можат за многу ниски цени да си купат парчиња облека или обувки ќе почне да работи во Скопје. Продавницата е лоцирана во зградата на Црвен крст на Република Македонија, на булеварот „Кочо Рацин“.


„Копче“, ќе овозможува поефикасен систем на дистрибуција на облека до лицата во ризик, лесен пристап до облека со ниски цени за сите граѓани со цел да го зачува достоинството на оние кои имаат ниски примања, а не бараат помош, вработување на ранливи целни групи и придонес во зачувување на животната средина.


- Со продажбата на облека во „Копче“ покрај самоодржливосат и унапредувањето на проектот кој е насочен кон навремено обезбедување на навремена и најсоодветна облека за лицата во ризик, дополнително ќе се олесни пристапот до облека со ниски цени за лицата со ниски примања, а дополнително тие лица и сите останати со купувањето ќе придонесуваат ефикасно искористување на вишокот облека заради придонес во зачувување на животната средина, посочуваат од Црвениот крст, кој го разви и спроведе овој проект.


Нагласуваат дека на сите лица кои доаѓаат во Црвениот крст да бараат облека, а се работоспособни ќе се стремат да ги поддржуваат во поттикнување и создавање работни навики со цел да се вработат и самите да можат да си ја купат облеката.


На годишно ниво Црвениот крст прима околу 20 тони донирана облека и помага на повеќе од 2.000 лица во ризик на територија на град Скопје. Искуството и познавањето на потребите на луѓето на кои им помагаме од една страна и потенцијалот кои го имаме од другата страна овозможија да ја надополниме оваа програма со нови содржини кои ќе овозможат повисоко ниво на функционирање што ќе значи задоволување на поголем број на потреби на граѓаните.

 

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени. | Мапа на сајтот | RSS |