Долгометражни листи на чекање за упис во градинка

Упис во градинка

Во тек е уписот за прием на деца во детските градинки. Но, младите родители се соочуваат со проблем за упис во градинка и неретко за нивните деца да бидат згрижени чекаат и по една година.

 

Проблемот се јавува поради недоволниот број градинки или нивните мали капацитети. Тој може да биде надминат со проширување на постојните капацитети, но и изградба на нови. На територија на Скопје функционираат 17 јавни установи за деца а листи на чекање има во речиси сите општини. Од Општина Кисела Вода на листа на чекање се речиси 900 деца. Има две јавни детски градинки, Весели Цветови и 8 Март со по шесст објекти. Во Весели Цветови се згрижени 1.070 деца, а бројот на деца кои чекаат да се запишат е 268. Во градиката 8 Март вкупно се запишани 1.194 деца, а на листа на чекање изнесува 599 деца, информираат од општина Кисела Вода. Освен листите на чекање групите во градинките се многубројни и капацитетот и нормативот е надминат за 50 проценти. Во рамките на својата програма предвидено е општината да изгради нови објекти за градинки.


Во Општина Аеродром велат дека има 40 деца на листата за чекање, а на нејзина територија функционираат две градинки со пет И шест клонови. Од општина информираат дека во градинката Срничка моментално нема листа за чекање, додека во Буба Мара во моментов има 40 деца на листа за чекање. Во оваа општина предвидено е да се изградат нови градинки бидејќи општина Аеродром е млада населба, со голем број брачни парови. Родителите велат дека голем број од нив поднесуваат документи уште кога мајките се на породилно отсуство. Загрижувачка е состојбата со листите на чекање и во Општина Гази Баба.


Градоначалникот Борис Георгиевски за 1Скопска информираше дека наскоро ќе започне изградбата на нови И проширување на постојните капацитети.


На територија на Општина Бутел функционира градинката ,,11Октомври,, со шест клона каде се запишани околу 980 дечиња. Директорката Луција Кировска Стефановска не информира дека овде нема листи на чекање.


Во општина Карпош функционираат десет градинки со згрижени 1.994 деца а листа на чекање нема, велат од Општина Карпош. Во тек е изградба на нова детска градинка во населеното мести Бардовци, а се гради и нов објект - доградба во Тафталиџе 2 придружен на матичниот објект Мајски цвет, а догодина ќе се гради комплетно нова градинка во Тафталиџе 1. Со најавените изградби на нови и проширување на постоечките капацитети да се надеваме дека ќе се намалат долгометражните листи на чекање, бидејќи од голема важност е детето да посетува градинка, со тоа се зголемува неговата социјализација и надргадбата на психо-физичкиот развој.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.