Нови животни пристигнуваат во Зоолошката градина во Скопје

Нови животни во Зоолошката

Скопската Зоолошка градина се подготвува за пристигнувањето на новите животни годинава, а живеалиштата за нив веќе се подготвуваат.

 

За да се обезбеди дополнителна нега на животните Зоолошката градина потпиша Меморандум за спонзорство со Вивакс Македонија со кој Зоолошката градина ќе биде во можност да им обезбеди дополнителна нега на животните.

 

Зоолошката градина во Скопје ги подготвува живеалиштата за пристигнување на новите животни годинава. За оваа година се планира да биде донесен слон и нови мајмуни и за таа цел се прават нови живеалишта за овие животни. На 12 хектари во Зоолошката градина во Скопје, која постои од 1926-та година, живеат околу 85 различни видови животни од секој крај на светот.


- Животните кои живеат тука се можност за секое мало дете, па и секоја возрасна личност, да запознае нешто ново, да биде дел од нов свет. Оваа година го надминавме и бројот на посетители за 5 отсто повеќе од минатата година за истиот период. Како расте интересот за зоолошката градина така напредуваме и се надградуваме. Оваа година сите, и посетителите и ние, со нетрпение го очекуваме пристигнувањето на новите животни чии живеалишта веќе се подготвуваат, истакна директорот на зоолошката градина Скопје, Јорданчо Милошевски.


За да се обезбеди дополнителна нега на животните Зоолошката градина потпиша Меморандум за спонзорство со Вивакс Македонија со кој Зоолошката градина ќе биде во можност да им обезбеди дополнителна нега на животните.


Со Меморандумот за спонзорство се предвидени и високо квалитетни клима уреди кои ќе имаат задача да ја заштитат и приспособат климата на некои од животните во самата зоолошка.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.