All for Joomla All for Webmasters

Од вечерва Плоштад ,,Македонија,, се претвора во уличен театар

Баскер фест

Градскиот плоштад ,,Македонија,,, шест дена ќе биде претворен во уличен театар под отворено небо со улични артисти од Јапонија, Индија, Аргентина, Франција, Шпанија, Бразил, како и млади македонски музичари и светски баскер бендови, кои се дел од овогодинешниот Баскер фест кој од вечерва до 17-ти јуни ќе се одржува на Плоштад Македонија.

 

Од вечерва па до 17-ти јуни на Плоштад ,,Македонија,, ќе се одржи 13-то издание на меѓународниот уличен фестивал- Баскерфест, фестивалот кој под отворено небо нуди бесплатна забава за сите возрасти. Се очекуваат настапи и спектакли на бројни артисти од различни земји, Јапонија, Индија, Аргентина, Франција, Шпанија, Бразил, како и млади македонски музичари и светски баскер бендови.


На плоштадот ,,Македонија,, од вечерва до 17-ти јуни од 19:00 часот, секојдневно ќе не забавуваат баскер артисти од целиот свет кои нудат атракции кои не смеат да се пропушт. Организаторите велат дека списокот на забавни артисти кои ќе ни донесат радост на Баскерфест е долг. Акробации со помош на огромен хулахоп, акробации со огромен балон, одење по јаже, боречки вештини и жонглирање со моторни пили се само дел од точките кои ќе имаат можност да ги погледнат граѓаните.


За најмладите ќе има и детска едукативна работилница ,,Киндер Парк,,, едукативен пет корнер за животни, како и неколку интеркативни игри. Во склоп на Баскерфест ќе има и интерактивни инсталации поставени на целиот плоштад, како и натпревар за креативни уметници. За фудбалските фанови, по повод престојното Светско фудбалско првенство, ќе има спортски забавен корнер.


Од Скопје, караванот на Баскерфест продолжува и во други градови низ Македонија, а на 22 повторно доаѓа во Скопје во Општина Центар.

 

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.