Манифестација „Средба на првиот со најдобрите“

 „Средба на првиот со најдобрите“

Традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“ која има за цел поширока јавна промоција и афирмација на врвните постигнувања на средношколците, денеска ќе се одржи во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар. 


Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов ќе се сретне со 27 матуранти првенци на генерацијата (2014-2018 и 2015-2018) од 22 скопски средни училишта и ќе им врачи признанија и парични награди.


Организатор на манифестацијата е Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, а под покровителство на градоначалникот Шилегов.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.