ЈП Паркови и зеленило нема никаква законска обврска за исплаќање на штетата настаната од паднати дрвја

ЈП Паркови и зеленило

ЈП Паркови и зеленило ги информира граѓаните дека по саботното невреме кое го зафати Скопје и регионот, веднаш на терен се активираа службите на претпријатието и се приклучија на Градскиот штаб за заштита и спасување, заради отстранување на проблемите предизвикани од невремето.


Претпријатието, со последиците од невремето, кое предизвика: поплавени улици, откорнати кровови, билборди, прекинати електрични кабли и паднати дрвја кои оштетија возила и објекти, се справуваше со целокупната расположива механизација и работници, за што побрзо нормализирање на состојбата во градот.


Поради големата брзина на ветерот од над 80 км/час, сите настанати штети се третираат како поледица на природна непогода и ЈП Паркови и зеленило нема никаква законска обврска за исплаќање на штетата настаната од паднати дрвја.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.