Изградба на инфраструктура за собирање отпадни води во Скопје

Собирање отпадни води

Во населбата Ново Лисиче во општина Аеродром денеска почнаа градежни работи  за ИПА 2 проектот „Подобрување на инфраструктурата за собирање на отпадните води во градот Скопје“.

 

Со изградбата на колекторите на левиот и десниот брег на реката Вардар, Градот Скопје успешно ќе ги собира урбаните отпадни води со што санитарно-хигиенските услови во централното градско подрачје ќе бидат значително подобрени. Изградбата на овој колекторски систем е предуслов за изградба на главната пречистителна станица за отпадни води за градот Скопје, чија градба ќе започне во 2020 година.

 

Проектниот договор предвидува изградба на колектор на десниот брег на реката Вардар во должина од 3,4 км и тоа од булевар „Србија“ до Железничкиот мост при што во него ќе се слеваат отпадните води од постојната пумпна станица „Горно Лисиче“, потоа зградба на колектор на левиот брег на реката Вардар во должина од 4,5 км од точката на моменталното празнење на постојната канализациска мрежа до железничката пруга и изградба на колектор од пумпната станица „Макошпед“ до поврзувањето со новиот главен колектор на левиот брег на реката Вардар.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.