Без струја повеќе делови од Скопје

Прекин на елекричната енергија е најавен за утре од 08:30 до 14 часот за корисниците од дел од село Рашче во општина Сарај, а од девет до 10 часот од ул. „Антон Панов“ броевите 8, 8А, 10 и 33 во населба Капиштец во општина Центар, информира денеска Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје.

Без струја утре од 09:30 до 11:30 часот ќе бидат и корисниците од индустриските објеки на фирмите МВМ Компани, Дарс и Гранит на Качанички Пат и околината и место викано Вртачица во општина Чучер – Сандево, од 05:10 до 15:30 часот од селата Глумово, Шишево и Матка и фирмите Бис Оил и Адриус во Сарај), а од 08:30 до 10:30 часот корисниците од Бул. Кузман Јосифовски Питу бр. 22 и бр. 24 и ул. Симеон Кавракиров до бр. 9 во општина Аеродром.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.